Хороскоп за 23 декември: возбудлив ден за бикот, ракот не знае како да реши некој проблем

Овен
Од вас се бара максимално внимание доколку сакате да ги избегнете сите деловни стапици и материјални губитоци. Бидејќи сте личност која умее да владе со ситуацијата, но без да извлече максимална корист од сето тоа, добро размислете, и успехот со сигурност нема да изостане.

Бик
Пред вас е динамичен и возбудлив ден во секој поглед. Ги извршувате сите работи, остварувате успешни средби и одлично се чувствувате. Моментално сте во фаза на размислување во врска со продажбата на недвижен имот. Доколку сакате да успеете во тоа, морате да ја спуштите цената.

Близнаци
Денот е поволен за планирање, договори и нови работи. Сите одлуки кои ги донесувате имаaт поголемa шансa за реализација отколку порано. Ситуацијата ве прави оптимисти, и тоа не без причина. Се надевате дека еден проблем ќе елиминирате. Ќе успеете.

Рак
Ве фати паника, не знаете како да излезете на крај со проблемот. Кога најмалку се надевате, ќе добиете конкретна помош. Денот е поволен за тимска работа и дружење. Постигнавте видливи резултати и не треба да бидете оптоварени и загрижени.

Лав
Сите оние што се занимаваат со креативна работа, со уметност, ќе имаат инспирација. Периодот пред вас не е поволен за практични работи, но затоа е поволен за креативни. Ако ја слушате својата интуиција, сe ќе биде в ред, во спротивно, ќе доживеете разочарување.

Девица
Од случувањата кои се пред вас можете со право многу да очекувате. Бидејќи сте во хармонија со самите себе, а и со другите, тоа повеќекратно ви се враќа на деловен и на емотивен план. Доколку имавте здравствени проблеми, се наоѓате во фаза на подобрување.

Вага
Успехот го делите со соработниците. Не само што славите туку и одлучувате да ја проширите соработката. Сознанието дека и другите многу придонеле да постигнете признание – ви ја враќа самодовербата и вербата во луѓето. Таман помисливте да се откажете кога околностите навестуваат поволен резултат.

Скорпија
Кога би биле поодлучни и посигурни во себе, би имале повеќе успех. Секогаш се колебате, калкулирате и немате храброст да тргнете во отворена акција. Кој не ризикува тој и не добива. Ако посредувате во продажба на недвижен имот, можете да се надевате на успех. Во фантастични односи сте со Лав.

Стрелец
Фативте залет и тргнавте во акција, а претходно не го испитавте теренот. Оттаму сите недоразбирања и колебања. Одлучувате за склопување тајни аранжмани и желба да дојдете до оние што не ве сакаат баш многу. Почнете да градите односи кои ќе бидат коректни.

Јарец
Благодарение на емотивното задоволство, функционирате во сите сфери на општествениот живот. Сакале или не да си признаете, партнерот ви отвора многу врати. Ви помага да успеете во некои работи за кои да не е тој, не би смееле ниту да сонувате.

Водолија
Во свој елемент сте: емотивна сила, склоност кон удобниот семеен живот и решавање на прашањата во врска со домашните – може да бидат во прв план. Доколку имате слични проблеми, тие дефинитивно се од психосоматски тип, настанале како последица од дилемите и нерасчистените ситуации.

Риби
Избегнувајте шпекулации и сомнителни работи, од нив можете да излезете како оштетена страна доколку некој ве испровоцира, обидете се да се контролирате. Не дозволувајте другите да помислат дека ја губите почвата под нозе. Опасноста можете успешно да ја избегнете само ако сфатите дека нема добивка без работа.

Scroll to Top