Седумкратниот шампион во НФЛ, Том Брејди има нова девојка. Американските медиуми пишуваат дека е во врска со бившата Мис на Словачка од 2016 година, Вероника Рајек.
„Рајек му е голема поддршка на Брејди и сака да остане фокусиран на играта и работите да му тргнат во вистинскиот пат. Брејди сака да ја освои и осмата титула“, рече неговиот претставник.
View this post on Instagram
Вероника е позната манкекнка и инфлуенсерка и често се фотографира во неговиот дрес на натпреварите. На почетокот на декември објави фотографии од стадион во црвен дрес со бројот 12 и неговото презиме.
Поранешната Мис на Словачка пред неколку месеци рече дека е совршена жена и затоа многу луѓе не ја сакаат и ја навредуваат по социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Мислам дека луѓето сакаат некако да ми се одмаздат затоа што сум соврешена. Затоа и ме навредуваат. Но, џабе им е. Јас сум целата природна“, рече Вероника.
За потсетување, Том на крајот на октомври, по 13 години брак се разведе од манекенката Жизел Бундеш. Манекенката наводно сакала Брејди да се пензионира од професионалниот американски фудбал, а тој одбил. По што реши да го остави.