Том Круз секој Божиќ им го испраќа истиот подарок на своите пријатели

Актерот Том Круз на своите пријатели секоја година им испраќа ист подарок за Божиќ.

Актерката Коби Смалдерс, најпозната по улогата на Робин во филмот „Како ја запознав мајка ти“, гостуваше во шоуто на Џими Фалон и зборуваше за божиќните празници. Посебен интерес кај публиката предизвика нејзиниот ентузијазам за подарокот што Том Круз кој и го испраќа секоја година за Божиќ. Имено, тие двајца го снимија филмот „Џек Ричер“ во 2016 година и оттогаш се во добр и односи. Таа откри дека оттогаш актерот секоја година и праќа торта.

„Тоа е торта од бело чоколадо и кокос и морам да признаам дека е многу вкусна. Ја чувам во замрзнувач и трае до март затоа што земам по малку. Не знам зошто, љубител на слатки, но ова е одлично“, изјавила актерката.

Тогаш водителот Џими Фалон откри дека и тој го добива истиот подарок, нарекувајќи го „тортата на Том Круз“.  Претходно Кирстен Данст, Хенри Кавил и Џејмс Корден открија дека го добиваат истиот подарок.

Том Круз еднаш раскажа како испраќа торта на широк список на познаници за празниците, а откри и малку чудна причина за тоа.

„Сакам слатки, но ги избегнувам поради тренинзите и подготовките што ги поминувам за филмови. Затоа им ги испраќам на сите“, рекол тој.

Scroll to Top