Глумецот Марк Волберг со сопругата новогодишните и божиќни празници ќе ги помине на Барбадос. Папараците го снимија на една од плажите, а голем број фанови го пофалија за неговиот младешки изглед. Волберг беше со неговата сопруга Реа Дурам која за разлика од него доби критики од фановите.
Се запознаа во 2001 година, а во 2010 Волберг раскажа дека првпат се виделе на промоција на еден од неговите филмови во Њујорк. Рече дека не му требало многу време да се заљуби. Се венчаа во 2009 година и имаат четири деца.