Популарната кралска двојка, Хари и Меган Маркл наидоа од критики од фановите по нивниот документарец на „Нетфликс“. Многумина коментираат дека само сакаат внимание и ништо друго.
Една од нив е и уредничката на списанието „Политико“, Јоана Вајс, која откако го изгледала документарецот напишала дека тоа што на почетокот имала природна симпатија кон нив, сега почнало да се претвора во иритација. И таа како и многу други вели дека Хари и Меган почнале да ги иритираат фановите.
Во последниот текст со наслов „2022 е година кога сите се заморивме од нарцисите“, уредничката поентирала дека со упорното бркање за внимание, војвоадата и војвотката од Сасекс, од симпатични фигури, станале извори на иритација.
Вајс додаде дека откако излегоа од кралското семејство имаа некои паметни потези, како потпишувањето на договорот со „Нетфликс“, но според Вајс, документарецот и направил услуга на неа и фановите со тоа што ја разоткрил нивната суета.