Празничната песна „Божиќна серенада“ адаптирана на знаковен јазик

Празничната песна „Божиќната серенада“ доби адаптација за глувите лица во соработка со Викторија Волак – сертифициран знаковен толкувач и Здружението „Бадникови поворки“.
Изминатите две години, на заковен јазик беа адаптирани песните „Небо и земја“ и „Вечниот Бог“ за глувите лица.

„Драги луѓе. Радувајте се, веселете се, делете љубов, бидете милостиви! Христос се Роди! Честит Божик!“, стои во божикната честитка од „Бадникови поворки“ до глувите лица.

Третата верзија на „Вечниот Бог” ја отпеаа Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно Славејче. Видеото за песната ќе се снима на локации во Охрид, а режисер е Дејан Пројковски.

„Низ цела наша држава, во 50 градови и населени места во тек се подготовките за Бадниковите поворки на радоста што на 6-ти Јануари ќе чекорат низ улиците на Скопје, Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебрца, Враништа, Ростуше, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево и Бардовци. Во тек се редовни проби, но и работилници, за ниедно дете да не остане без божикна ѕвезда“, велат од Здружението „Бадникови поворки“.

Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездите што радосно ги веат се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божикната пештера во која е претставен целиот настан на Божик.

Scroll to Top