(Видео) 12-годишната Тамара Грујевска почнува кариера со песна од Роберт Билбилов

Тамара Грујеска (12), која до сега пееше на познатите детски фестивали, сними песна од Роберт Билбилов, „Имам сила“. Роберт ги направи музиката и аранжманот, а текстот го напиша Тања Соколовска. Видеото го режираше Дарио Јанковиќ, а стајлингот го направи македонскиот дизајнер Златко Јовановски.

Тамара е седмоодделенка во основното училиште „Гоце Делчев“ од Гостивар, а учи и во основното музичко училиште „Енвер Стафаи” и свири пијано. Својот глас го усовршува во музичкото училиште на Андријана Јаневска, отсек соло пеење популарни светски жанрови, а зема и онлајн часови кај светски познатата вокална учителка Шерил Портер од САД.

Таа досега пеела на детските фестивали „Јаболчиња“, „Златно славејче“, „Езерски бисери“, „Ѕвездички“, но и „Шкољкице“ во Нови Сад, и Golden Stars Rain во Русија.

 

Scroll to Top