Рецепт за лесна и брза торта со коскос

Состојки:
Кора (за калап со дијаметар од 23 см): 180 гр мелени бисквити, 40 гр шеќер, 100 гр путер

Крем: 650 мл ладно млеко, 2 кесички инстант пудинг од ванила, 1 лажичка екстракт од кокос, 235 ml замрзнат крем за десерт (одмрзнат), 40 гр рендани листови од кокос, екстра кокос.

Упатство за подготовка на пита со кокос крем:

Кора:
Загрејте ја рерната на 190 °C. Искршете ги бисквитите и измешајте ги со шеќер и стопен путер. Со прсти нагмечете ја смесата во калапот. Печете 7-8 минути. Извадете ја од рерна и оставете ја кората целосно да се излади пред да го нанесете кремот. За да го забрзате ладењето, можете да го ставите во замрзнувач околу 10 минути.

Крем:
Со електричен миксер изматете го млекото заедно со смесата за пудинг и екстрактот од кокос околу 2 минути. Додадете ½ кокос и изматен го заедно со кремот. Истурете ја смесата врз кората. По желба посипете со кокос. Оладете и сервирајте.

Scroll to Top