Мачката на пејачката Тејлор Свифт, Оливиа Бенсон чини 91,5 милиони евра и се наоѓа на третото место на најбогати миленици. Списокот е направен според аналитиката на „Инстаграм“.
Многу од крзнените миленичиња кои се со најголема заработка се рангирани на високо место поради нивната популарност на социјалните мрежи. За најпопуларните животни како на Оливија, во предвид било земено и учеството во проекти надвор од „Инстаграм“.
„Оливиа постигна светски успех заради влијанието на „Инстаграм“. Станува збор за Шкотски Фолд кој дел од богатството го оствари глумејќи во некои од музичките спотови на Тејлор, а има и сопствена линија на стоки и глумеше во многу високобуџетни реклами“, стои во објаснувањето.
Тејлор и го дала името Оливиа по ликот на Маришка Харгитеј од популарната серија „Закон и ред: Единица за посебни жртви“. Има глумено во рекламите на Тејлор за диеталната „Кока Кола“ AT&T и за DirectTV, а беше и во нејзините спотови за песните Ме и Blanc Space.
Оние кои во 2015 година беа на светската турнеја на Тејлор All Тоо Well, можеа да ја видат мачката и нејзината постара сестра Мередит, во видеото кое беше пуштено по концертот. Мередит не се најде на списокот на најбогати домашни миленици кое го прави списанието All About Cats.
На оваа листа не се најде ни третата мачка на Тејлор, Бенџамин, која исто така беше во нејзиниот спот за песната Me. Поскапи миленици од Оливија се само германскиот овчар Гунтер Шести, кој вреди 500 милиони долари и мачката Нала која исто така е позната на „Инстаграм“, а која вреди 100 милиони долари.
Оливија се најде пред петте кучиња на познатата американска водителка Опра Винфри, мачката Шупет на покојниот дизајнер Карл Лагерфелд и кучето Понтијак на покојната актерка Бети Вајт.