Ѕвездата на „Марвел“ Џереми Ренер по несреќата објави видео од болницата и им се заблагодари на сите за љубовта и поддршката

Глумецот Џереми Ренер повторно се јави од болницата во која се опоравува од тешките повреди кои ги доби на 1 јануари, кога чистач за снег помина врз неговата нога. Тој рече дека на посета му дошле мајка му и сестра му и им се заблагодари на сите за пружените љубов и поддршка.

„Болница. Спа момент за подигнување на расположението. Фала ти мамо, фала ти сестро, фала ви на сите за љубовта“, рече Ренер кој носеше маска за кислород за да може полесно да дише.

За потсетување, Ренер на 1 јануари се здоби со тешки повреди додека му помагаше на моторист кој заглави додека го чистеше снегот. Веднаш со хеликоптер беше однесен во локалната болница.

Во несреќата се здоби со тешки телесни повреди, но за среќа, е единствениот повреден. Имаше повреди на градите и нозете, но според најновите информации, успешно се опоравува.

Scroll to Top