Франческо Тоти на одмор со новата девојка по разводот со Илари Бласи

Поранешниот италијански фудбалер Франческо Тоти (46) ужива на одмор во друштво на новата девојка Ноеми Бочи. Тоти врската со Ноеми ја откри во октомври лани, откако на почетокот од годината се разведе по 17 години брак со Илари Бласи.

Ноеми за пригодата избрала црн костим за капење, шорцеви и лесна кошула. А она што остава впечаток е часовникот Ролекс вреден 13.200 фунти.

Да потсетиме, веста за разводот минатата година ја потврди Илари која рече дека по 20 години заедно се разведува од нејзиниот сопруг Франческо Тоти. За разделбата таа рече дека ќе остане приватна работа и повеќе нема да дава изјави поврзани со разводот. Ги повика новинарите да се воздржат од шпекулации и пред се да ја почитуваат приватноста на нејзиното семејство.

По разводот Тоти тврдеше дека Бласи се иселила од станот и при тоа му ги зела скапите часовници Ролекс, а тој наводно и ги одзел луксузните чевли и чанти.

Scroll to Top