Овен
Емотивно сте до некаде растргнати и не многу задоволни, а тоа не е нешто минливо, ниту нешто што ќе се реши само по себе. Љубов: можеби наскоро ќе ја ставите на тест вашата љубов. Работа: добар, но и напорен ден за вас. Здравје: главоболка.
Бик
Не гледајте наназад во вашата околина, правете го она што го правевте до сега, најдобро што можете. Љубов: голема е можноста да запознаете поранешна љубов која целосно ќе ви го окупира умот. Работа: внимавајте како реагирате на работното место. Не секој ќе ги трпи вашите бубачки и непромисленост. Здравје: можна забоболка.
Близнаци
Ако ви недостига некој близок со кој повеќе не сте во контакт, можеби е вистинско време да му се јавите. Љубов: ако правите сè на ваш начин, ќе има тепачка од пошироки размери. Работа: опуштете се малку кога е работата во прашање, не зависи се од вас. Здравје: болки во зглобовите.
Рак
Обидете се да се свртите кон пријателите и семејството. Оставете ги на страна оние површни познанства и луѓе кои се поврзани со вашата работа. Љубов: би можеле да бидете престроги кон партнерот и не само денес. Спуштете ја малку топката. Работа: мали проблеми во комуникацијата со колегите. Здравје: имате чувствително здравје, а можни се проблеми со стомакот.
Лав
Вашиот живот е донекаде обвиен со тајни, но бидете внимателни бидејќи може да се откријат некои тајни кои не се во ваша корист. Љубов: денеска нема да можете да се извлечете со ништо. Сè што ќе пробате или кажете ќе биде погрешно протолкувано. Работа: ќе бидете задоволни од постигнатите резултати. Здравје: проблем со стомакот.
Девица
Генерално, не сте задоволни од развојот на одредени ситуации, но колку и да се трудите, трошоците се превисоки. Љубов: ниту за љубов ќе имате желба денес. Работа: зафатете се со работа, особено делот во кој не сте добри. Здравје: спортувајте повеќе.
Вага
Може да се поместите од место ако се движите и навистина правите нешто корисно. Љубов: новата љубов ви се смешка. Обидете се да бидете природни. Работа: одличен ден за сите оние кои се занимаваат со недвижнини. Здравје: спортувајте.
Шкорпија
Некои стари проблеми можеби се повторно на вашата дневна листа, но тоа не треба да ве мачи премногу. Љубов: би било полесно доколку ги намалите очекувањата и уживате во моментот. Работа: добри вести и понуди. Изберете што е добро за вас, не ви треба ничие лажно тапкање. Здравје: проблеми со стомакот.
Стрелец
Комуникацијата со околината ќе биде многу, многу подобра отколку што беше досега. Искористете го денот и ситуацијата за нешто добро. Љубов: новите настани ќе ја продлабочат вашата емотивна врска. Работа: разговарајте повеќе со соработниците. Здравје: исцрпени сте.
Јарец
Вашето добро расположение ги привлекува луѓето, па денес доколку го сакате тоа сигурно нема да бидете осамени. Љубов: можно е да имате таен обожавател, некој кој воздивнува по вас. Работа: денес се се одвива според планот. Без грижи. Здравје: добро.
Водолија
Нетрпеливоста сведете ја на минимум. Не се расправајте со луѓето за исти работи, барем денес. Љубов: не ви се допаѓа нечие додворување. Работа: не паѓајте во темни мисли кога е работата во прашање. Здравје: болка во стомакот.
Риби
Бидете свои, не постапувајте поинаку од тоа како се чувствувате пред одредени луѓе. Љубов: малку сте празни кога се во прашање чувствата. Работа: преземете одговорност за вашите постапки. И не се обидувајте да се скриете зад некого. Здравје: некои од припадниците на знакот може да имаат проблеми со тироидната жлезда.