Во пожар целосно изгоре ресторанот за брза храна на познатиот јутјубер Бака Прасе во Нов Белград.
Тој се огласи преку социјалните мрежи и тврди дека во неговиот локал кој неодамна го отворил бил фрлен молотов коктел, кој предизвикал пожар.
„Штетата е огромна, пет дена сигурно нема да работи. Многу хејтери. Страшно. Некој фрлил нешто запалливо во текот на ноќта“, изјавил вработен во ресторан за српските медиуми.
Бака Прасе или Богдан Илиќ изјавил дека е пријавено во полиција и се трага по човекот кој го подметнал пожарот.