Бритни Спирс за инцидентот во ресторанот: Бев малку пијана и знам дека ги насмеав луѓето

Бритни Спирс зборуваше за неодамнешниот инцидент во ресторан, каде доживеа нервен слом. Таа објасни дека била малку пијана, па затоа нејзиниот сопруг Сем Ашгари предвреме си заминал. Ресторанот бил преполн со гости, кои почнале да ја снимаат пејачката.

„Сигурна сум дека многумина ги насмеа моето видео. Свесна сум дека го следат секој мој чекор. Ми годи тоа што се зборува за мене како за манијак, затоа што тогаш полесно ми е да зборувам за сите негативни работи кои ми се случија во минатото“, рече Бритни.

„Бев ужасна, но на две фотографии сум нормална. Во секој случај знам дека на никого не му е грижа што правам“, додаде пејачката.

За потсетување, Бритни во ресторанот JOEY во Лос Анџелес почна да вика и да зборува бесмислици. Нејзиниот сопруг излезе од ресторанот, а брзо потоа нејзиниот телохранител ја изнесе и се врати да ја плати сметката.

 

Scroll to Top