(Видео) Фризер си ја избричи главата додека потстрижуваше девојка што боледува од рак

Деновиве на Твитер се споделува видео од фризер кој ѝ ја бричи главата на девојка што боледува од рак и во знак на солидарност решава да ја потстрижи и својата коса. Додека девојката плаче, фризерот се обидува да ја утеши. Тој ја прегрнува со едната рака, а со другата почнува да ја бричи својата глава. Видеото има преку 14 милиони прегледи.

„Никој не се бори сам. Ја скрати сопствената коса во знак на солидарност со пациент кој боледува од рак“, пишува на видеото што го објави Good News Movement.

„Емпатијата и сочувството се големи искази на љубов. Аплауз за ваквата реакција. Величествена поддршка“, е еден од коментарите на Твитер.

Scroll to Top