Виктори Живоиновиќ го покажа станот кој му го купи мајка му Лепа Брена. Станот го купи пред година дена за 600.000 евра, а станува збор за цел спрат во луксузната кула, во една од најелитните населби во Нов Белград. Виктор живее на 40 кат и има поглед кон цел Нов Белград.
[/video]Вели дека најмногу го погодува моментот кога гледа како Сонцето заоѓа над реката Сава. Потоа сликаше и дел од пентхаусот. Во дневната ги покажа скапите уметнички дела и фотографијате од Мајк Тајсон направена во урбан стил.
За потсетување Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ пред година дена му го купија станот на Виктор, за кој платија повеќе од половина милион евра. Тие останаа да живеат во куќата во населбата Бежанијска коса во Белград.