Во Албанија секој понеделник наставата ќе почнува со пеење на националната химна

Албанската Влада, по повод 555 години од смртта на албанскиот народен херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег донесе одлука наставата секој понеделник да започнува со пеење на националната химна пренесе „Ора њуз“.

„Министерката за образование и спорт Евис Куши на годишнината од смртта на националниот херој ја објави чудната одлука дека во секоја паралелка, во секое училиште во државата, во понеделниците учениците мора да ја пеат националната химна, пред да почне наставата“, пренесе телевизијата, додавајќи дека во рамки на владината пропаганда, Куши објави видео направено во различни училишта, во 12 окрузи во земјата, каде што се гледаат деца како ја пеат химната.

Scroll to Top