(Видео) Бугарскиот пејач Азис третпат ќе стане татко, објави видео од ултразвук

Бугарската фолк-ѕвезда Азис ќе стане татко по трет пат. Информација пејачот ја сподели на Инстаграм преку видео и напиша „доаѓа набрзо“. Азис лани во месец мај доби син.

„Благословен сум што станав татко по вторпат на 44 години. Момче е“, напиша тогаш пејачот.

Азис пред 15 години започна врска со Ники Китаец, а во октомври 2006 година се венчаа. Нивниот брак не беше легален, бидејќи бугарските закони не ги поддржуваат истополовите бракови.

Нивната заедница не успеа да опстане, па раскинаа, а пејачот ѝ се посвети на ќеркатаРаја, која ја доби во 2007 година со најдобрата другарка Гала, а Ники се ожени со колешката на Азис, Виолета, со која има дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Azis Online (@azis_online_new)

Scroll to Top