Американскиот актер и режисер Шон Пен премиерно ќе го прикаже документарниот филм за руската инвазија на Украина на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин во февруари, објавија организаторите.
Фестивалот, 73-ти по ред, од 16 до 26 февруари, ќе биде посветен на војната во Украина. „Супермоќ“ на Шон Пен ќе биде најочекуваниот филм за Украина на фестивалот.
Пен беше во Киев на снимање документарен филм на крајот на февруари минатата година кога започна руската инвазија. Актерот и режисер кој освои два Оскари за филмовите „Мистична река“ и „Млеко“ беше фотографиран со украинскиот претседател Володимир Зеленски.