Фудбалерот Грег Халфорд, кој игра за англискиот Хаштаг Јунајтед, објави видео на кое ѝ ги фрла преку прозор работите на својата девојка од нивната заедничка куќа. Наводно ова го направил откако дознал дека таа го изневерувала.
„Помина предолго време, но конечно се ослободив од ѓубрето од бившата која ме изневери“, напиша тој.
Грег, кој има 38 години, сега игра во пониските лиги на англискиот фудбал, а на врвот на кариерата беше повремен премиерлигаш и настапуваше за Ридинг, Сандерленд и Вулверхемптон. Тој имаше 18 настапи во елитната лига на англискиот фудбал. Во својата кариера како играч играл и за Портсмут, Кардиф Сити, Нотингем Форест и голем број други клубови.
Been far far to long but finally clearing out the cheating c**t ex stuff. 🙌 pic.twitter.com/HGAzfgcCx4
— Greg Halford (@GregHalford15) January 21, 2023