Украина која песната ја избра во воено засолниште ќе победи на Евровизија

Повеќето европски земји ќе избираат свои претставници за Евровизија. Досега само Холандија, Израел, Белгија, Албанија и Украина избраа песни кои ќе ги претставуваат, а Словенија и Кипар го имаат само името на изведувачот.

Четири месеци пред почетокот на Евровизија, обложувалниците се отворени и убедливо води Украина. На украинската група „Тврочи“ и песната „ Heart of Steel“ и даваат дури 16% шанса за победа, иако повеќето од песните се уште не се познати.

Шведска, која исто така не избра песна, има импресивни 10% шанси за победа. Украина својот преставник го избра уште лани во декември во подземно воено засолниште  во Киев.

Евровизија ќе се одржи во Ливерпул во мај.

Scroll to Top