Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојување на Австралија опен од 374-то место на АТП листата се искачи на првата позиција.
Со победата против Стефанос Циципас и освојувањето на Австралија опен, Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП листата. За српскиот тенисер ова е враќање на врвот на АТП листата по 12. јуни.
Ѓоковиќ го држи првото место со 7.070 бодови и има 340 бодови повеќе од второпласираниот Карлос Алкараз.
Во Топ 10 се и Тејлор Фриц, Холгер Руне и Хуберт Хуркач.