„Прима“ со нов салон во Ѓорче Петров

Оваа сабота, во населбата Ѓорче Петров во Скопје се отвори најновиот салон на Прима – најголемиот хрватски производител на мебел на овие простори. Ова отворање беше придружено и со разните вкусови и закуски подготвени од познатиот шеф Марк де Јонг и музичкиот избор на диџеј Блу.

„Сѐ започна со идејата да се прикаже нашиот дизајн пред луѓето коишто гравитираат во оваа населба, изнесувајќи ги на виделина нашиот квалитетен мебел, пристапните цени, големите попусти и најновите услуги што Прима им ги нуди на своите клиенти. Со тоа ја покажуваме нашата мисија започната пред 25 години кога од мала работилница станавме фабрика со 2000 вработени и голема мрежа на продажни салони, решавајќи ги сите замисли на иновативен начин“, велат од Прима.

Најновите услови со кои Прима сега може повторно да се пофали е услугата Дизајн на ентериер кој може да го добие секој заинтересиран клиент почнувајќи од идејно решение, па се до реализација.

Со својот начин на работење и размислување на пазарот, Прима освен што нуди одличен мебел за секоја просторија од домот, го потврдува имиџот на голема компанија која е подготвена секогаш да напредува, да ја шири својата програма и успешно се појавува на европскиот пазар.

 

 

Scroll to Top