Во Амстердам се отвора ултрамодерен подводен паркинг за велосипеди. Инженерскиот подвиг има простор за 7.000 велосипеди и е резултат на четиригодишен проект, кој чини вкупно 60 милиони евра.
Новиот подводен објект овозможува бесплатно паркирање 24 часа.
Капацитетот ќе се зголеми на 11.000 велосипеди кога ќе се отвори втората гаража во февруари.