Берлускони им ветил на фудбалерите на Монца автобус со проститутки ако го победат Јувентус, од клубот бараат да си го одржи зборот

Претседателот на италијанскиот фудбалски клуб Монца, Силвио Берлускони на фудбалерите им вети дека ќе им прати автобус полн со проститутки ако го победат Јувентус. Монца викендов победи со 2:0, а поранешниот италијански премиер рече дека добил стотици пораки за да си го одржи зборот.

На божиќната вечера на клубот за да ги мотивира во соблекувална им дал ветување дека ќе им ги прати проститутките, ако го победат Јувентус, Милан или некои од големите италијански клубови.

„Најдовме добар, пријателски расположен тренер способен да ги мотивира нашите играчи. Јас им дадов и дополнителна мотивација и ветив дека ако го победиме Милан, Јувентус или некои од другите големи клубови, ќе им донесам автобус полн со проститутки“, рече Берлускони.

Сега фудбалерите бараат да си остане на зборот.

„Добив повеќе од 100 телефонски повици во кои бараат да си го одржам зборот“, рече Берлускони, а пренесе „Ла Република“.

За потсетување, Монца во неделата го победи Јувентус во гости со 2:0 и се искачи на 11 место во Серија А. Администраторот на социјалните мрежи го потсети Берлускони со фотографија од клупскиот автобус пред стадионот во Торино.

Scroll to Top