Маж тужи жена затоа што одбила да му биде девојка

Маж од Сингапур тужи жена затоа што не сака да му биде девојка. Ѝ бара два милиони долари отштета затоа што му нанела трауми во годините кога биле заедно. К. Квашиган е директор на компанија за дронови D1 Racing и ја тужи Нора Тан Шу Меи, за која тврди дека му ја наруши репутацијата.

Се запознале во 2016 година. Двајцата се членови се на ротаријански клуб и со тек на време станале добри пријатели. Се разделиле кога почнале да имаат различни сваќања за нивната врска.

Меи неколлу пати рече дека го гледа како пријател и дека сака да ја сведе комуникацијата на минимум. Овој и поднел тужба и рече дека заради неа изгубил пет бизнис-зделки.

„Таа го прекрши договорот. Требаше да работиме заедно за да го подобриме односот“, рече Квашиган.

Судијата го отфрли случајот. Рече дека ова е злоупотреба и нема да учествува во обидите да ја уценува. Меи поднесе контратужба и бара од Квашиган 1000 евра. Рече дека дала куп пари за терапии и ангажирала луѓе да ја чуваат од него. Инсталирала сензори и други дигитални помагала само за да се заштити.

 

Scroll to Top