Водителот на Греми, Тревор Ноа (38) ги започна наградите со хумористичен говор, но и со интересен вовед за пејачката Адел (34) и актерот Двејн Џонсон (50), познат и како Рок.
За време на неговиот говор, Тревор прошета меѓу познати пејачи и актери, меѓу кои Хари Стајлс, Тејлор Свифт, Лизо, Бијонсе и Адел.
Тревор пред доделувањето на наградите дознал дека Адел никогаш не го запознала Двејн, па решил дека е време да го стори тоа. Иако на почетокот изгледаше дека Двејн не е во близина, тој одеднаш се појави, а реакција на Адел стана хит на интернет.
Пејачката се изненади и се смееше додека се поздравуваше со актерот.
https://www.youtube.com/watch?v=hEC26uI5JXw&t=39s