Познат одбојкарски пар загина во земјотресот во Турција

Бившата одбојкарка Бетул Чобан Чакир и нејзиниот сопруг Бедретин Чакир загинаа во земјотресот кој ја погоди Турција во понеделникот утрото.

Медиумите пренесоа дека загинале во градот Кахраманмараш, место оддалечено 80 километри од Газиантеп, каде Бедретин до неодамна настапувал за истоимениот клуб во втората лига.

Претходно играл за „Халкбанк“. Неговата сопруга Бетул летово се повлече од активно играње.

За потсетување, под рушевините во покраината Хатај се наоѓаат 14 одбојкари и досега нема потврда дека некој од нив да е жив.

 

Scroll to Top