Тие се нарекуваат себеси „полиаморна четворка“ и признаваат дека не знаат кој точно е татко на двете деца во нивното необично семејство. Велат дека не се замараат премногу со тоа, ниту пак планираат во блиска иднина да направат тест за татковство за да дознаат. Сите се среќни заедно и тоа им е најважно сега.
Тие живеат во Либан и секоја вечер се менуваат во креветите. Семејството се состои од две жени и двајца мажи. Жените забремениле за неколку месеци, тие ги сметаат дека децата им се заеднички и подеднакво се грижат за нив.
Освен двете најмали деца, во семејството живеат и две постари на возраст од седум и осум години. Нивните родители се Алисија и Тајлер Роџерс, кои имаа деца пред да стапат во полиаморна заедница со пријателите Шон и Таја Хартлес.
„Сакавме да направиме се што е можно за сите да се чувствуваат како еднакви родители. Во овој момент, генетиката не би променила ништо“, изјавила Таја.
@polyfamory Big kid date night 💖🎀 #polyamory #daddydaughterdance #mothersondance #familybylove ♬ Crank that x Poke it out DJ Yames – Dj_yames
Тие се договориле да ги поддржат децата доколку решат еден ден да откријат кој од двајцата е нивниот биолошки татко. Заедно се вселиле во домот во 2020 година, а една година подоцна Таја и Алисија се породиле со разлика од седум месеци.
И двете родиле машки деца и се сметаат за мајки на двете. Тие на социјалните мрежи споделуваат детали од својот приватен живот. Велат дека се како и секое друго моногамно семејство, освен што четворица од нив се во врска.
„Нашата врска дојде природно, но бараше многу работа. Да ми кажеше пред четири години дека ќе бидеме во полиаморна врска со четири деца, ќе се изнасмеев. Немав поим дека тоа ќе биде најдоброто нешто што ни се случило. Фала му на Бога за тоа“, му рекла Таја на својот сопруг Шон во едно од видеата.
Таа додала дека во оваа заедница станале подобри во комуникацијата и дека се помалку љубоморни од порано, пренесува Дејли Меил.
Луѓето кои се во полиаморна заедница свесно се впуштаат во две или повеќе романтични врски истовремено, а ниту една од нив не е поважна од нивниот партнер. Природата на отворениот однос може да варира во зависност од тоа за што се сложуваат луѓето кои се вклучени во него. Отворениот однос или врски и полиаморија не се исти поими.