Кој дувал, дувал: Амстердам ги менува правилата за туристите

Луѓето од средината на мај веќе нема да може да пушат марихуана на јавни места во историските области на Амстердам. Холандските власти сметаат дека на овој начин најдобро ќе се изборат против негативните ефекти од масовниот туризам. Според новите правила, и рестораните ќе мора да се затворат порано, а проститутките во областа на Црвените фенери, наместо во 6, ќе треба да престанат со работа во 3.

Новите правила имаат цел да ја направат населбата побезбедна и поудобна за жителите на градот бидејќи ноќе атмосферата понекогаш може да биде многу мрачна, стои во соопштението. Локалните жители со години се жалат на пиењето, викањето и на пушењето марихуана. Туристите привлекуваат и дилери на дрога, кои создаваат криминал, зголемувајќи ги опасностите на улиците, се вели во соопштението од Градот.

Една од причините зошто туристите ги привлекува Амстердам се кофи-шоповите во кои на туристите им е дозволено да купуваат мали количини хашиш и марихуана.

Градските власти сега размислуваат да ја ограничат продажбата на опијати во периодот од 16 часот до 1 часот по полноќ.

 

Scroll to Top