Новинарот Густаво Церијани објави слика од Жерар Пике и Клара Чиа во аптека и тврди дека тие купуваат тест за бременост. Според Церијани, фармацевтот потврдил дека на фудбалерот и неговата девојка им продал тест за бременост, а дека Клара и Пике чекаат бебе, пишува „Мјизик мундијал“.
Двојката не ја потврди веста за наводната бременост, ниту дали навистина купиле тест во аптеката. Но, откако сликите се појавија во јавноста, фановите на Шакира преку социјалните мрежи не престануваат да ги навредуваат Клара и Пике. Тие велат дека колумбиската пејачка мора да му се одмазди на некогашниот партнер за понижувањето што ѝ го приредил.
WATCH: #ClaraChia reportedly pregnant by #Piquéhttps://t.co/Qpp96RviHJ pic.twitter.com/vZKfiz6bQO
— Music Mundial (@MusicMundial) February 10, 2023
Шакира и Пике беа заедно 12 години и иако никогаш не се венчаа, имаат два сина. Се разделија лани, а брзо потоа Пике се појави во јавноста со новата девојка. Медиумите неодамна открија дека фудбалерот бил во врска со Клара најмалку десет месеци пред да се раздели од Шакира.
Пејачката по разделбата сними и песна во која му порача на својот поранешен партнер дека заменил ферари за твинго, а Пике веднаш потоа објави прва заедничка слика со Клара и ја потврди врската.