Кинеските астронаути, познати како тајконаути од мисијата „Шенџоу 15“ ја направија првата прошетка во вселената. Видеото го снимија од кинеската вселенска станица „Тиенгунг“.
Прошетката трае седум часа, а снимена е на 10 феврари во 00:16 часот по времето во Пекинг, соопштија од Кинеската вселенска агенција (CMSA).