Работи што може да се научат од Финците како најсреќните луѓе на светот

Петта година по ред, според „Врлд хепинес репорт“, Финска е најсреќната земја во светот. И тоа според одговорите и на Финците и на доселениците во таа северноевропска земја.

Извештајот за светската среќа, кој годинава го слави својот десетти роденден, се заснова на одговорите на учесниците од 156 земји и проценувањето на нивните сегашни животи на скала од 0 до 10.

Мерењето на субјективната благосостојба се потпира на три главни индикатори за благосостојба: проценки за квалитетот на животот, позитивни емоции и негативни емоции. Прашалникот, исто така, разгледува како на среќата влијаат фактори како што се социјалната поддршка, очекуваниот животен век, дарежливоста и отсуството на корупција.

Во Светскиот извештај за среќа 2022 година, како и претходната година, посебно внимание беше посветено на секојдневните емоции со цел подобро да се следи како Ковид 19 влијае на различни аспекти од животот, особено среќата, добрата волја и довербата.

Финскиот психолог Френк Мартела, автор на книгата „Прекрасен живот“ во која се обидува да одговори на прашањата „Дали среќата е достојна цел?“, „Која е смислата на животот во секуларното општество?“ и малку помрачно „Дали животот е егзистенцијална празнина? – тој за „Сиенбиси“ коментираше како човек одвнатре зошто Финците се најсреќните луѓе, односно истакна три работи што Финците ги прават за да одржат висок квалитет на живот.

Не се споредуваат со другите
„Не се споредувај и не се фалете со својата среќа“, се парафразирани зборови на познатиот фински поет Ајн Лејн, до кои Финците се придржуваат како животен принцип. Не го покажуваат својот успех и богатство, материјалните работи не се сметаат за нешто за фалење – тие имаат многу поважно тоа што се среќни – исто како и сите други. Во Финска е најнормална работа богатите луѓе да користат јавен превоз, а не да паркираат скапа кола на сред пешачка зона за сите да го забележат. Мартела нè советува да се фокусираме на она што навистина не прави среќни, наместо на тоа дали на другите им изгледаме успешни.

Поминуваат многу време во природа
Дури 87% од Финците во истражување од 2021 година изјавиле дека природата им е важна затоа што им дава мир на умот, им дава енергија и ги опушта. Дел од финскиот фолклор е излегувањето во природа и престојот со семејството во дрвени куќички без луксуз. И кога не се на одмор, не можат да си го дозволат тоа, Финците се трудат да поминуваат што повеќе време на отворено и да шетаат. Дури и ако не можете да поминете повеќе време во природа, Мартела предлага да ја внесете природата во вашиот дом и да го збогатите со зеленило.

Си веруваат еден на друг
Колку е поголема довербата во една заедница, толку посреќни се нејзините граѓани, покажаа бројни студии. Финците ја ценат искреноста и си веруваат еден на друг. Децата играат и се возат во јавен превоз без надзор, а ако изгубите дури и некој вреден предмет како лаптоп, бидете сигурни дека ќе ви биде вратен.

Френк Мартела тврди дека довербата во заедницата се гради од многу мали нешта – на пример, добрина кон странците – отворање на вратата или отстапување на место во јавниот превоз.

 

Scroll to Top