Панагиотис Стафилос ја преживеа железничката несреќа во Грција затоа што направил грешка и се качил во погрешен вагон. Иако имал карта за превоз, ги помешал броевите. Требало да седи во еден од првите вагони од возот кој беа речиси унитешни во сударот со теретниот воз.
Ско седел на местото каде што му пишувало на картата, веројатно сега би бил мртов, пренесоа медиумите. Петиот вагон во кое момчето случајно се нашло, останал на шините. Во интервју за „Би-би-си“, рече дека можеби е само среќа, а можеби Господ го чувал.
Стафилос рече дека по инцидентот се обидел да им помогне и да ги смири луѓето во неговиот воз.
„Прво ги скршивме прозорите. Затоа што немавме алат, прво се обидовме со вратата“, рече тој.
На крајот итната помош стигнала да им помогне. Стафилос рече дека пред сударот, возот стоел околу 15 минути на станицата во Лариса, а тогаш размислувал за тоа, затоа што доцнењата се вообичаена пракса во Грција. За потсетување, во железничката несреќа во Грција загинаа најмалку 43 лица.