Познатиот српски фудбалер Матеја Кежман некое време се има повлечено од јавниот живот и со сопругата Тари и синот Лука живеат на Копаоник. Србинот е еден од ретките кој не користи социјални мрежи, па фотографии од него можат да се видат само на профилите на социјалните мрежи кај неговата сопруга.
Денес Кежман е непрепознатлив со долгата брада и запустен изглед велат некои од неговите пријатели. Тој извесен период живе надвор од градот и со семејството се пресели на Копаоник каде има куќа. Кежман е познат љубител на природата и здравиот начин на живот, велат неговите пријатели.
„Матеја постојано зимските месеци ги минуваше на Копаоник, затоа што обожава да скија, а летно време оди на море, на јадранското крајбрежје Ада Бојана. Таму го наоѓа мирот, далеку од градот, а сопругата смета дека Копаоник е најдобро место каде може да го воспитаат синот. Таму има апартмани кои се издаваат веќе неколку години, а во кои има вложено многу пари кои ги заработи додека играше фудбал“, рече извор близок до него.