Брајан Ено е добитник на „Златен лав“ за животно дело во областа на музиката

Брајан Ено познат британски музичар, продуцент и визуелен уметник кој во минатото работеше со „Токинг хедс“, „Ју-ту“ и Дејвид Боуви, е следниот добитник на „Златен лав“ за животно дело со особен придонес во областа на музиката, соопштија организаторите на реномираниот Филмски фестивал во Венеција.

„Одделот за музика на венециското ‘Биенале’ одлучи да го награди Ено за истражувањето на квалитетот и убавината на дигиталниот звук, за неговото проширување, како и за концептот на акустичниот простор како компонирачки инструмент“, се вели во соопштението.

Брајан Ено (74) ја стекна славата уште во 70-тите, прво како основач на поп-бендот „Рокси“, а познат е и по својот придонес во амбиенталната, поп-рок, и електронска музика.

Наградата ќе му биде доделена на свеченоста во склоп на „Биенале музика“ којашто ќе се одржи на 22 октомври 2023 година во Венеција.

Scroll to Top