Водителката Сузана Манчин со емотивна порака се прости од нејзината почината сестра. На фановите на „Инстаграм“ им ја сподели тажната вест и рече дека со голема болка ја примила веста.
„Шоуто мора да продолжи. Знаете ли како изгледа животот на нас кои сме во шоу бизнисот? Тука е фризурата, шминката, сјајот под рефлекторите, насмевките. Но, не постои шминка за тагата во очите. Вчера снимив три емисии, а душата ми плачеше затоа што знаев дека некој близок и драг си замина засекогаш. Мојата сестра Душица“, рече Сузана.
Водителката рече дека со сестра ѝ отсекогаш биле блиски и секогаш си биле поддршката една на друга и дека целото семејство е неутешено по нејзиното заминување.
View this post on Instagram