Младиот уметник Драган Божино вечерва во „Јуроп Хус Скопје“ ќе има изложба на уметнички дела направени од ПМ10 честички.
Изложбата е насловена „Асфиксија“. Уметничките слики создадени се од ПМ10 честички кои се земени од надворешен прочистувач Аеро С, првонаградуван на Еконова2021 и поставен во Општина Центар.
„Затвори очи…но, затвори и нос и уста…па замисли…замисли сивило. Тоа е она сивило од воздухот кое ни станува секојдневие и кое опасно, без најава и дозвола навлегува во сите пори на живеењето. Сега дојди и види“, стои во најавата за уметничката изложба.
Изложбата е поддржана од кампањата Зелен Договор и Општина Центар и започнува во 19 часот.