Состојки:
20 чешниња лук, 2 лажици маслиново масло, морска сол, бибер, 50 гр путер, 2 главици кромид, 4 гранчиња мајчина душица, 10 чешниња лук, 600 мл супа од зеленчук, 100 мл крем за готвење, 40 гр рендан пармезан, парчиња лимон.
Подготовка:
Одделете дваесет чешниња лук и не лупете го. Ставете го мал огноотпорен сад, прелијте го со маслиново масло, додадете бибер и сол, па сето убаво измешајте го.
Убаво покријте со фолија и печете во загреана рерна на 175 степени околу 40 минути, додека лушпата од лукот целосно не омекне.
Извадете и оставете да се излади за да можете да ја одделите лушпата од лукот.
Во тавче ставете путер, загрејте го, па додајте сечкан кромид и ситно исечканите листови мајчина душица и пропржете додека кромидот да омекне.
Додадете го печениот лук и остатокот од свежиот лук и пржете заедно со кромидот уште неколку минути.
Прелијте ја супата, намалете ја температурата, варете полупокриено околу 20 минути додека лукот не омекне.
Сите состојки ставете ги во блендер, изблендирајте и додадете го кремот за готвење и се остава убаво да се загрее, но не се вари.
Зачинете ја супата со свежо мелен бибер и морска сол.
На чиниите ставете го ренданото сирење, прелијте го со врелата супа и исцедете го сокот од едно парче лимон.
Посипете со мајчина душица или магдонос и послужете.