Четириесет и едногодишната Тања Лорд од Северна Ирска заврши зад решетки затоа што имала секс со маж додека спиел. Осудена е на четири години затвор, откако и самата признала дека го пристилила на секс, пренесе „Дејли Мејл“. Судијата на судењето и објаснил дека нема разлика меѓу мажи и жени кога станува збор за силување. И објаснил дека жртвата сега е ментално осакатена.
„Се разбудив со спуштено боксерки, додека таа потскокнуваше врз мене“, сведочела жртвата.
Тој рече дека сега морал да оди на советувања, да зема препишани лекови за неговата ментална состојба и дека како резултат на силувањето, повеќе не може да им верува на луѓето и дека се чувствува осамено.
Лојд која е лезбејка, ја признала вината и на рочиштето во судот во Крајгавон, признала дека му упаднала во неговиот дом во Ко Армаг. Признала дека и дека откако мажот се разбудил го навела да се вклучи во секcyaлна активност иако тој не се согласил.
Обвинителот Џозеф Марфи објасни дека човекот во текот на денот пиел и бил во алкохолизирана состојба. Се Лорд се сретнал откако завршила со работа на 23 јуни 2020 година. Се вратиле во нејзината куќа каде испиле уште неколку пијачки. Потоа јаделе и си легнале.
Во тој момент и двајцата биле во шорцеви, а жpтвата верувала дека нема да дојде до никаков cексуален cyyaлен однос бидејќи знаел дека Лорд е лезбејка. Но, во раните утрински часови се разбудил откако почувствувал болка во градите. Кога дошол при себе видел дека боксерите му се спуштени.
Ја оттурнал брзо си заминал дома. Пред да го пријави инцидентот во полиција, разговарал со мајка му и партнерката. Двете го однеле во истражниот центар за силувaње каде направил интимен преглед. Му земале брисеви од интимните делови и разговарал со детективи.
Брисевите му помогнале да се изгради случајот против Лорд, која првп тврдела дека немале секс. Кога ја испрашувале немала објаснување како нејзината ДНК е пронајдена на брисевите. По повеќе од две години од инцидентот и по постојаното одложување и прекини на судењето, таа конечно се изјаснила за виновна.
Покрај четиригодишната казна, Лорд била ставена во полицискиот регистар на сексални престапници.