Заради тоа што користел дрога во минатото, принцот Хари може да остане без американска виза, пренесе Page Six. Хари за овој проблем искрено зборуваше во неговата книга со мемоари. Сепак голем број од фановите мислат дека нема да дојде до тоа и дека најлошо што може да се случи е да заврши во затвор.
„Признавањето дека користел дрога обично е причина да ги изгуби правата во Америка. Тоа значи дека визата би можела да му биде одбиена или укината, затоа што признал дека користел кокаин, печурки и други видови дроги“, рече бившиот сојузен обвинител Наема Рајмани.
Додаде и дека не постои посебен третман за членовите од кралското семејство.