Медиумскиот магнат Руперт Мардок на 92. години се сврши со Ен Лесли Смит

Руперт Мардок, претседател на корпорацијата „Фокс“, се сврши со Ен Лесли Смит, поранешна полицајка од Сан Франциско, потврди неговиот портпарол.

Доколку се венчаат, тоа ќе биде петти брак за 92-годишниот медиумски тајкун. Мардок го финализира разводот од манекенката Џери Хол во август.
„Мардок и Смит (66) првпат се сретнаа во септември на неговото лозје Морага во Бел Ер, Калифорнија, а тој ѝ се јави две недели подоцна“, изјави портпаролот за „Њујорк пост“, кој ја објави веста за свршувачката.

„На 17 март во Њујорк, Мардок ѝ подари на Смит дијамантски прстен ‘солитер’. Тие ќе се венчаат кон крајот на летото“.

„Бев многу нервозен. Се плашев да се заљубам, но знаев дека ова ќе ми биде последно. Подобро да биде така. Среќен сум“ изјави Мардок за весникот.

Малку е веројатно дека венчавката на Мардок ќе ја промени сопственичката структура на бизнисите во кои тој има удели, вклучително и „Фокс корп“, матичната компанија на „Фокс њуз ченл“ и „Њуз корп“. Мардок ги контролира News Corp и Fox Corp преку семејниот труст со седиште во Рено, Невада, кој има приближно 40 отсто удел во акциите со право на глас на секоја компанија.

Богатството на Мардок, кој поседува голем број медиуми, вклучувајќи ги „Тајмс“, „Њујорк пост“, „Фокс њуз“ и „Волстрит џурнал“, се проценува на 17,7 милијарди долари.

Scroll to Top