Во оваа, како што ја нарекоа, надреалистичка кампања со авангарден стил, Тимберлејк носи сина јакна со точки и – чанта украсена со мотиви на тиква, со потпис на Кусама. Оваа колекција на пазарот ширум светот ќе се појави на 31 март. Линијата вклучува и кожени производи, облека за мажи и жени и парфеми.
Покрај 42-годишниот пејач, во рекламите се појавија и други познати лица – глумиците Леа Сиду, Жоу Донгју и Хојеон Јунг.