Италијанските музичари Лаура Паузини и Паоло Карта се венчаа по 18 години врска, а според италијанските медиуми, венчавката се одржала на 14-ти март во Рим. Веста, Лаура ја потврди на Инстаграм, каде објавила видео од церемонијата која се одржала во кругот на најблиските.
„Рековме ‘да’. Пред нас е сè што сакаме“, напишала 48-годишната Лаура.
Паузини е позната музичарка која снима песни на италијански, шпански, португалски, англиски и француски јазик. Во текот на кариерата освои бројни награди, помеѓу останатото, и онаа за најдобра италијанска изведувачка.