Американската пејачка, текстописец и глумица Џул Килчер, ја обвини мајка ѝ Ленедра дека ѝ украла 100 милиони долари. Рече дека мајка ѝ, која и е и менаџерка, парите и ги украла за време на нејзината музичка кариера.
„Не знаев што прави мајка ми сè додека не наполнив 30 години. Еден ден се разбудив и сватив дека ми земала преку 100 милиони долари“, рече Џули во подкастот на Ејми Морин. Џули досега има продадено повеќе од 27 милиони албуми ширум светот.
„На триесет и четири години сватив дека мајка ми ми украде и сватив дека сè што мислев за неа било погрешно“, рече таа и додаде дека родителите и се развеле кога имала само осум години.
За татко ѝ рече дека бил насилен и нестабилен алкохоличар кој постојано ја малтретирал, додека мајка ѝ била мирна, никогаш не викала и никогаш не ја удрила. За потсетување, пејачката претходно зборуваше за своето детство во своите мемоари „Never Broken“ од 2016 година.