Бразилскиот рибар Дејвид Соарес бил спасен по два дена пливање по Атланскиот океан. За локалните медиуми рече дека паднал од неговиот брод и пливал четири часта пред да наиде на пловка на која успеал да се качи. Го пронашле дехидриран.
Соарес на 25 декември отпловил од плажата Атафон на северот од Рио де Жанеиро. Додека рибарел случајно се лизнал и паднал во водата.
„Првите 10 минути ми беа најтешки затоа што сакав по секоја цена да се вратам на бродот, но струите беа пресилни и не можев да стигнам до него“, рече тој.
Кога сватил дека мора да се откаже од бродот, ја скинал маицата и панталонте затоа што го влечеле надоле кон дното.
„Беше ветровито така што пуштив водата да ме носи. Сакав да заштедам енергија“, објасни тој.
По четири часа успеал да се качи на сигнална пловка.
„Мислев дека ќе умрам од студ“, рече тој.
Дури по два дена рибарите кои тргнале да го бараат го забележале и се јавиле на семејството. И покрај се што преживеал, Соарес бил насмеан и добро расположен. Рече дека го преплавиле емоции кога ја видел реакцијата на рибарите кои го нашле. „Сите плачеа“, рече тој.