Американскиот актер Џереми Ренер успешно закрепнува откако на почетокот на јануари беше прегазен од чистач за снег. Тој на Твитер објави видео како вежба на лента за трчање.
„Сега морам да најдам други работи со кои ќе го пополнам времето за моето тело да се опорави“, напишал Ренер.
Актерот неодамна беше снимен во јавноста за прв пат по несреќата. Ренер бил фотографиран од папараците во Лос Анџелес додека се возел на совозачкото седиште.
Да потсетиме, Ренер доживеа незгода на новогодишната ноќ, а тоа беше затоа што се обиде да го контролира чистачот за снег и го спасил својот внук за и тој да не се повреди.
Тој бил примен во болница со тешки повреди и бил во критична состојба. Подоцна на социјалните мрежи откри дека чистачот за снег му скршил 30 коски и имал неколку операции.
I now have to find OTHER things to occupy my time so my body can recover from my will. #minduful #intended #recovery pic.twitter.com/TuDFSMVJHY
— Jeremy Renner (@JeremyRenner) March 26, 2023