Обновена балетската претстава „Заспаната убавица“ после 12 години на сцената на НОБ

На големата сцена на Националната опера и балет, на 28. март 2023, со почеток во 20 часот, ќе се изведе обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски.

Балетска класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер.

Претставата ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на гостинот од Украина Виктор Јаременко, асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн е Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина – Климент Тодороски.

Втората изведба е закажана за 12. април 2023, во 20 часот. Премиерата на балетската претстава се одржала во 2011 година, во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“.

Во главните улоги на 28. март ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименз Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска, солисти и балетскиот ансамбл во придружба на оркестарот на Националната опера и балет. Додека на 12. април во главните улоги ќе настапат Мими Поп-Алексова Атанасовска, Франциско Хименз Руиз (Шпанија), Наташа Трендафилова Гицев, солисти и балетскиот ансамбл во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

 

Scroll to Top