Техмена Квинтан од Лонг Ајленд на сопругот Брајант му довела двојничка за да си го спаси бракот. Рече дека му ја донела затоа што не сака повеќе да ја изневерува. Брајант претходно ја изневерил по три години брак.
„Во минатото не ми беше верен. Чувствувам дека ако сте со маж треба да направите сè што е потребно за бракот ви успее. Ќе го сакам до крајот на животот. Што и да посака, што ѝ да го прави среќен, ќе му подарам сè“, рече Техмена.
Не ми смета големата разлика во годините. Техмана рече дека заради неа, Брајант ја оставил неговата претходна жена со која бил 25 години во брак. Минатата година Техмeн на социјалните мрежи се потрудила на социјалните мрежи да ја најде својата двојничка за да ја повика да ѝ се придружи во полигамна врска. Објасни дека на почетокот не ѝ било сеедно.
View this post on Instagram
„Се чувствував несигурно кога побаравме трет член во нашиот брак, но знаев дека само така ќе го задржам Брајант. Чесно е да се кжае дека барав девојка која изгледа како мене, затоа што на Брајант тоа му се допадна“, призна Техмена.
На крајот се поврзала со манекенкатата од Австралија Кирја Џонсон, која многу личела на неа. Двете имаат високи коњски репови, имаат големи гради и бујни трепки.
View this post on Instagram
Кирја била воодушевена со идејата да биде дел од оваа тројка и брзо купила авионска карта за Њујорк за да ја запознае. Џонсон рече дека на почетокот биле пријатели, а сега им се приклучила во бракот, па тројцацта делат ист кревет.
„Кога ќе излеземе во јавност не прашуваат дали сме сестри близначки“, рече Џонсон.
Двете почнале да носат иста облека, а на Only Fans почнале да објавуваат провокативни содржини.
Што се однесува до Брајант, рече дека е среќен со девојките кои и вети дека повеќе нема да се впушта во вонбрачни афери. „Дали се каам? Апсолутно. Дали ќе се случи повторно? „Апсолутно не“, рече Брајант.