Српските пејачи Теодора и Девито првпат ќе имаат заеднички концерт во Скопје. Во сабота на 1-ви април ќе пеат пред македонската публика во Арена Јане Сандански Скопје.
„Ќе направиме многу добра журка, дојдете во што поголем број, очекувајте шоу“, рекоа Теодора и Девито.
Почетокот на концерто е во 20 часот. Влезниците се веќе во продажба онлајн на „Купи карти за се“, во Југотон-ГТЦ и сите продажни места на „Купи карти за се“ по промотивни почетни цени. Партер: 700 денари, фан пит: 900 денари.
[/video] [/video]